МакедонијаСиндикат

Барање за утврдување на одговорност на Помошник на Министерот во ОВККИПС

Барање за утврдување на одговорност на Помошник на Министерот во ОВККИПС

РЕЧЕНО-СТОРЕНО🎯

Денес СПМ до Министерот достави Барање утврдување на одговорност на Помошник на Министерот во ОВККИПС!

Неговото име, СВ и податоци за неговата кариера можете да погледнете од сликата подоле, преземена од официјалната страна на МВР…

Во продолжение писмото:

Почитуван Министре г-дин Спасовски,

До пред неколку месеци, пред одењето во пензија на поранешниот Помошник на Министерот за внатрешна контрола сметавме и мислевме дека овој Оддел го „допрел“ дното дека нема подоле и полошо да биде и ќе се сопре со неговото незаконското работење. Со поствувањето на позиција на сегашниот помошник на Министерот за внатрешна контрола се докажува дека со незаконското работење на поединечни предмети се може да се работи уште по непрофесионално.

Дозволете да Ве запознаеме дека СПМ како Синдикат во ова негово „владеење“ поднесе неколку преставки со сомневање на незаконско работење на повисоки структури во МВР. Иако сметаме, веруваме и знаеме дека ОВККИПС Е ДОЛЖНА да врши контрола над работењето над сите работници вклучувајќи ги тука началници и командири со жалење може да констатираме дека не е така. Она што на веќе сериозно како Синдикат не загрижува и плаши е фактот и поставување на прашањето дали и „оваа“ внатрешна контрола предводена од овој нов помошник за внатрешна ќе „постои“ само за полицајци, водичи и сменоводители а никако нема да постои за командири и началници. Иако на стартот се надевавме дека овој помошник ќе биде поразличен во овој поглед и ќе биде КОНТРОЛА за сите а не механизам за пресметување на професионалци и неистомисленици. Се излажавме не е така. Единствено во тој оддел се прибраа неколку „слепи“ послушници кои на секаков незаконски начин токму ТИЕ се потписници на незаконските одговори.

Жално е да констатираме дека овој нов помошник за внатрешна контрола најверојатно смета дека во МВР постојат луѓе кои врска „немаат“ со правилата и прописите за тој да може да прави што сака и незаконски и непрофесионални одговори да потпишува и праќа. Со самите дејствија покрај неговата прави непоправлива штета и на самото Министерство.

Бараме Министерот за внатрешни работи под ИТНО да ја испита незаконската работа на овој Помошник кој „обработува“ за нечии интереси. Од причини што овој помошник на Министерот одамна ја изгуби смислата за негово работење и постапува незаконски кон повеќето предмети, Бараме Вие како Министер ВЕДНАШ ДА ГО РАЗРЕШИТЕ. И Нас и Вие како Министер во МВР не ни требаат лица да ни ја „брукаат“ службата.

Единствено Бараме или внатрешната контрола да важи за сите или во наредниот период истата од систематизацијата да се укине и да не постои бидејќи одамна причините за нејзнино постоење веќе немаат смисла. Внатрешна контрола за само кој што направил на социјалните мрежи а „не е наш“ да го праќаме на дисциплинска а да мижеме на вистинските и сериозни повреди кои ги прават високи структури во МВР, таква служба во МВР не ни е потребна.

Министре Вие сте на потег, проверете кого поставувате и исчистете си го навреме дворот за да не ве брукаат поединци. Бараме да спроведете професионална и непристрасна истрага и да утврдите одговорност!

Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ во Полицијата

линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0FXaVeXn2MgCuByUVLrXiQrUH33XyHCDqZdmtRmfimZiP3ZHoSyiKPQCi7im4Fchql&id=100046824475551