Ван Хул: Ги почитуваме и спроведуваме сите законски акти поврзани со работниците
Порталот Работник минатата недела објави неофицијални информации во врска со три странски компании, од кои една од нив е и странската компанија „Ван Хул“ која се наоѓа во индустриска зона „Бунарџик“. Информациите се однесуваа на тоа дека половина од нивните вработени ги испратиле на принуден одмор.
Во петокот, следната недела Порталот Работник побара коментар од страна на Ван Хул и за таа цел му се јавивме на директорот Аврам Стојчевски кој не упати да испратиме барање за коментар преку емаил. Ние тоа и го направивме.
Коментарот на Ван Хул пристигна денеска, но во истиот не се наведува дали половина од вработените се на принуден одмор, како и што впрочем говорат информациите на порталот Работник. Со цел јавноста да го има на увид целиот коментар, го приложуваме интегрално:
„Почитувани,
Ван Хоол Македонија од почетокот на своето работење како компанија во Северна Македонија во 2012 година до денешен ден секојпат ги почитувала и спроведувала сите правилници и законски акти на земјата во сите сегменти на своето работење, вклучително тука и Законот за работни односи, како и Општите колективни договори. Во Ван Хоол Македонија во моментов се активно вработени околу 800 луѓе.
Van Hool“
Останува уште да добиеме коментари од Дрекслермајер и Кроберг и Шуберт. Се обидувме во петокот да го контактираме одговорното лице за корпоративни комуникации во Дрекслемајер, но не успеавме да го добиеме, додека за Кромберг и Шуберт не успеавме да најдеме контакт.

