ПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Маж физички нападнал вработена во теретана во Белград

Корисник на теретана У.Р. (19) во Белград вчера физички ја нападнал вработената, откако таа му рекла дека тој не смее да влезе во пунктот бидејќи не е вработен.

На Инстаграм сопственикот на теретана ги објави снимките од нападот.

„Никогаш да не се повтори! Денеска во теретана во Нов Белград влета силеџија и претепа вработена.Ја удираше со тупаници по главата затоа што не му дозволила да влезе во пунктот бидејќи не е вработен.Тепаше нечија ќерка, сестра, девојка.Приведен е. Ќе кажам само едно- никој никогаш нема да го победи системот кои сите со тешки маки го направивме. „Ахилеј“ е најголем фитнес бренд во Србија во овој дел на Европа со над 39.000 илјади членови.Ние сме едно семејство на кого цел му е здравиот начин на живот и вежбање.Сите силеџии кои мислат дека ќе не победат со насилничко однесување, гадно се лажат!“ напиша сопственикот.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by ahilej.lifestyle (@ahilej.lifestyle)

Подоцна полицијата соопшти дека напаѓачот бил приведен.