ЕкономијаМакедонија

Владината кошница поевтина за 13 отсто, но сè уште неизвесно кога ќе почне да се објавува

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но сè уште не може да биде усвоена поради недостиг на навремени податоци од релевантните институции. Како што изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на следната седница на Економско-социјалниот совет истата ќе биде ставена на дневен ред, а по нејзиното усвојување ќе се објавува на месечно ниво.

Тој посочи дека станува збор за просечна, а не минимална кошничка, која според пресметките е околу 13 отсто поевтина од онаа на Сојузот на синдикатите на Македонија. Дурмиши нагласи дека постојат одредени разлики во методологијата и дека дел од ставките во синдикалната пресметка се оспоруваат.

Повеќе тука