МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Гиевски НСОН: Штрајкот на наставниците е лекција за учениците да се борат за своите права!

Независниот синдикат за образование и наука очекува Владата сериозно да го сфати револтот на просветните работници кој е таложен со години и да ја зголеми платата на наставниците.
Во образование не смее да има плата пониска од републичкот просек, вели претседателот на НСОН Томислав Гиевски.
Гиевски вели дека тие како просветни работници ќе најдат начин како да се надополни пропуштеното за учениците, а очекува од родителите да се солидаризираат и да не се прават проблеми доколку училишната година се продолжи за неколку денови.
Да престанат родителите да ги навредуваат наставниците по социјалните мрежи, едноставно да научат на кој начин се прави социјална борба и се гради единство. И очекуваме дека после овој масовен штрајк ќе почне да се враќа достоинството на просветните работници за кое ќе треба уште синдикална работа и заложби, додава Гиевски.

Повеќе на Вечер.мк