ЕкономијаМакедонија

Горивата со нови – намалени цени

За 3,5 денари се намалија цените на бензините и на дизелот, а за три денари поевтини екстра лесното масло за домаќинство.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС-95 се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намали за 3,016 денари за килограм и сега изнесува 38,527 дененари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.