Граѓаните очекуваат поевтини горива – Крајниот збор попладне ќе го има РКЕ
Граѓаните со нетрпение ја очекуваат денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги соопшти новите цени за бензините и дизел-горивата, за кои се очекува да бидат пониски.
Премиерот Христијан Мицкоски, како што изјави минатата недела, очекува во понеделник (денеска) бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар.
Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат.
– Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на бензините и иста цена или за половина денар повисока цена на дизелот така што намалувањето на ДДВ-то директно имплицира позитивен ефект, рече Мицкоски за медиумите по настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје.
Вели дека Владата ќе ја следи состојбата и следнава недела и доколку има потреба ќе биде продолжена мерката за уште две недели или евентуално ќе се оди со нова мерка со акцизите.
„Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните“, порача минитата недела министерката нергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

