Останато

Дали функционерските плати ќе се вратат на старо или ќе останат на сегашното ниво со +78%?

Министерот Фатмир Бесими при претставувањето на Буџетот за наредната година не беше доволно јасен и ја збуни јавноста во врска со висината на платите на функционерите.

Едно е сигурно, и во буџетот за следната година платите за функционерите се пресметани со зголемувањето од 78 % кое почна да се применува во март 2023-та. Заклучокот може да се изведе од ставот на Финансии, од каде . велат дека државната каса за до година е скроена според постоечките закони.

А според Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, платата на министрите, директорите, обвинителите, судиите, градоначалниците се пресметува врз основа на коефициент кој се движи од 2,5 до 4,5. Коефициентот се множи со просечната плата и определен функционер добива плата според висината на коефициентот за позицијата на која е избран или именуван.

Повеќе на Телма