Жена ќе управува со холандскиот авио – гигант КЛМ – „Ова е освежување во авио – индустријата“
Надзорниот одбор на холандската авиокомпанија КЛМ ја предлага Марјан Ринтел (54) за местото нов генерален директор. Ринтел мометнално е на позицијата генерален директор на Холандските железници (НС), каде работи од ноември 2014 година.
Со оглед на тоа дека ширум светот, на топ лидерските позиции најголемиот дел се мажи, оваа вест, во извесна смисла, е „освежување“. Инаку, се почесто се зборува за напорите припадничките на понежниот пол да се засилат во светот на бизнисот и да достигнат плати еднакви на „машките“.
Пред да дојде во Холандските железници, Марјан Ринтел 15 години работела на различни позиции во КЛМ и авио – групата Ер Франс – КЛМ. Управниот одбор на таа група ја одобрил оваа номинација, така што оваа Холанѓанка, родена во Ротердам, од 1 јули оваа година ќе го замени Питер Елберс на местото генерален директор на КЛМ.
Воодушевени сме што Марјан ќе стане генерален директор на КЛМ. Таа ги познава вработените и начинот на работа на компанијата и увререни сме дека со своето богато менаџерско искуство ќе продолжи да ја обликува иднината на КЛМ, како и одржливата и финансиски стабилна авиокомпанија која е фокусирана на своите патници. Сметаме дека Марјан со своите познавања на секторите, мрежата на познанства и искуството на полето политика само ќе ја зајакне компанијата, изјавил претседателот на надзорниот одбор Кејс Ет Харт, по повод едногласната номинација.
Се огласил и Бен Смит, генерален директор на авио – групата Ер Франс – КЛМ, велејќи дека е среќен што може да ѝ посака добредојде на Марјан во тимот на компанијата.
Сигурен сум дека Марјан ќе успее да го зајакне КЛМ на темелите на вредноста и начелата на Ер Франс – КЛМ групата, додал тој.

Фото: KLM Royal Dutch Airlines
По повод својата номинација, Марјан Ринтел истакнала дека ѝ е чест што се вратила во КЛМ и го презела водството од Елберс.
Неговата 30 годишна работа е импресивна. Под водството на Питер, КЛМ го пронајде својот пат и јас ќе продолжам да чекорам по него. Авио – индустријата се наоѓа во време на големи и комплицирани предизвици. Сметам дека холандските компании, како што се КЛМ и Холандските железници, имаат знајачна улога во социјалниот и економскиот аспект. А исполнувањето на таа улога и успешното водење на компанијата – ќе бидат мој приоритет од првиот ден, истакнла оваа успешна дама.
Предлогот за именување ќе биде поднесен на одбрение на акционерите на вонредно Собрание кое е закажно токму по овој повод, а се очекува и мислење од работничкот Совет на КЛМ.
Извор: Telegraf Biznis
Фото:Marjan Rintel/Foto: KLM

