Светот на работникот

И ОВА СЕ СЛУЧУВА: За да избегне да работи, си ѕвонел самиот на себе 55 часа

За да ги избегне работните обврски, шведски даночен службеник со часови вртел на својот телефон, поради што му се заканува отказ.

Наместо да прима повици од купувачи, 28 годишен Швеѓанец од службениот телефон „разговарал“ со својот приватен телефон дури 55 часа, односно седум дена во неделата.

Помеѓу 10 март и 5 мај, овој човек сам себеси си ѕвонел 32 пати.

Поради тоа изгледал „зафатен“ во системот на својот работодавач и сите повици биле проследувани на другите вработени.

Дури во април еден од неговите претпоставени забележал дека вработениот телефонира необично долго во споредба со другите даночни службеници.

Човекот на крајот признал дека не работел во текот на овие повици, а дека поради своите постапки воопшто не се кае, зборува тоа што и после признанието упатил уште четири повици на својот мобилен телефон, открила интерната истрага.

Кога повторно го повикале во мај, човекот се бранел со изјавата дека неговата мотивација за работа е „исклучително ниска“.

Извор: BIZlife

Фото: Pexsels