ЕкономијаСвет

Инфлацијата во еврозоната 1,9 %, во ЕУ 2,1% во февруари

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 1,9 проценти во февруари, во споредба со 1,7 проценти во јануари.

Февруарската стапка ги потврди прелиминарните проценки на Европскиот завод за статистика – Евростат.

Во Европската Унија, годишната инфлација се зголеми на 2,1 процент во февруари, во споредба со два процента во јануари.

Услугите (+1,54 процентни поени, п.п.), храната, алкохолот и тутунот (+0,48 п.п.) и индустриските стоки без енергија (+0,17 п.п.) позитивно придонесоа за годишната стапка на инфлација во еврозоната, додека енергијата (-0,30 п.п.) негативно придонесе во текот на февруари.

Највисоки стапки на инфлација беа забележани во Романија со 8,3 проценти, Словачка со четири и Хрватска со 3,9 проценти.

Во меѓувреме, најниските годишни стапки се забележани во Данска од 0,5 проценти, Кипар од 0,9 проценти и Чешка од еден процент.

На месечна основа, потрошувачките цени во еврозоната се зголемија за 0,6 проценти, што е под проценките од 0,7 проценти.