Ковачевски за Фактор: Петтиот сет мерки не е само за излез од кризата, туку и за побрз раст на економијата
Да го одржиме балансот во услови на најголемата здравствено-економска криза со којашто се соочил светот досега беше многу тешко и бараше голем напор, но резултатите покажуваат дека сме на вистинската патека. Веќе во третиот квартал минатата година, како резултат на досега преземените владини мерки, падот на економијата беше забавен, вели во интервју за Фактор заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски. Петтиот сет економски мерки, смета тој, но и структурните реформи што се дел од владината економска програма, треба да постават здрава основа не само за да излеземе од кризата, туку и за да се обезбеди побрз раст во следниот период. Сепак, за да успеат мерките треба да има соодветна реакција и од приватниот сектор. Ковачевски за Фактор ги пренесува и владините очекувања дека економскиот раст во 2025 година ќе достигне 5,9 проценти, а во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на 5,75 проценти годишно. Разговаравме и за тоа како Владата, иако првично не планираше да продолжи директната поддршка за плати, реши таа да постои и во петтиот сет мерки, но и за тоа дека овој вид помош дефинитивно ќе биде последен, бидејќи се очекува излез од кризата. Сепак, објаснува Ковачевски, состојбата ќе се следи, а предвидени се бројни програми за зачувување на работните места. Се очекува наскоро во Собранието да помине и законот за државната гарантна шема, со која со 15 милиони евра државна гаранција, а преку Развојната банка, ќе се гарантираат кредити и заеми за малите претпријатија.
Повеќе на Фактор

