КОПЕНХАГЕН Е ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ГРАДОВИ – ИМА ВИСОКИ ПЛАТИ И ГОЛЕМ БАЛАНС ПОМЕЃУ РАБОТАТА И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ
Подготвил: Бобан Илијевски
Балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот е од исклучителна важност за младите луѓе.
Речиси сите истражувања покажуваат дека на помладите генерации покрај високата плата, пресудна причина за вработување во одредена компанија им е токму ова.
Веб страната за лични финансии MoneyNerd изработи извештај во кои се рангирани 25-те најдобро градови во светот според трошоците на живот, просечната плата, можностите за вработување и слично.
Извештајот е базиран на податоци преземени од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Извештајот за среќа низ светот, Glassdoor, LinkedIn и други. Ова е направено со цел да се открие кој град ги има најсреќните жители и нуди најголеми можности за добро платена работа.
На прво место на листата на оваа веб страна се најде главниот град на Данска, Копенхаген. Таму вработените имаат најдобар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и високи плати. Просечната плата изнесува 41,629 евра, а балансот помеѓу работата и професионалниот живот, на скала од 1 до 10 е оценет со 8,6 поени.
На второ и трето место се Амстердам и Њујорк.
Во продолжение топ 5 -те градови според балансот помеѓу работата и приватниот живот и платата:
- Копенхаген
Просечна плата: 41,629 евра
Баланс помеѓу работата и приватниот живот: 8,6 од 10
Рејтинг на среќа: 7,6 од 10
- Амстердам
Просечна плата: 41,529 евра
Баланс помеѓу работата и приватниот живот: 8,3 од 10
Рејтинг на среќа: 7,4 од 10
- Њујорк
Просечна плата: 66,834 евра
Баланс помеѓу работата и приватниот живот: 5,2 од 10
Рејтинг на среќа: 7 од 10
- Осло
Просечна плата: 43,241 евро
Баланс помеѓу работата и приватниот живот: 8,5 од 10
Рејтинг на среќа: 7,4 од 10
- Цирих
Просечна плата: 76,934
Баланс помеѓу работата и приватниот живот: 7,7 од 10
Рејтинг на среќа: 7,5 од 10.
CNBC објаснува дека Осло и Копенхаген постојано се на листата на најдобри градови за најголем баланс помеѓу работата и приватниот живот и во други извештаи, поради тоа што се безбедни и се градови каде што може човек да си дозволи да живее. Тие на работниците им нудат атрактивни бенефити, голем избор на работни места на далечина, флексибилни работни места и великодушни родителски отсуства.
И покрај тоа што е еден од најскапите градови за живеење, Њујорк има поголем рејтинг во однос на балансот, од градовите како Хонгконг и Дубаи, најмногу поради тоа што Њујорчаните заработуваат повеќе.
Извештајот на веб страната за лични финансии укажува дека и покрај тоа што Њујорк и Цирих имаат слични трошоци на живот и рејтинзи на среќа, Њујорк е рангиран погоре од најголемиот град во Швајцарија бидејќи има повеќе отворени работни места во многу индустрии.
На секоја листа, покрај најдобрите, рангирани се и најлошите. Во случајов, Пекинг, Лисабон и Будимпешта се едни од најлошите градови за баланс помеѓу работата и приватниот живот. Исто така, овие три градови имаат пониски просечни плати од останатите, но и помалку отворени работни места.
Фото: Unsplash

