Лимани: Потпишан историски колективен договор
Фејсбук статус на Министерот за социјална политика, демографија и млади:
Потпишавме историски Колективен договор – прв што ова министерство го потпишува од неговото формирање по осамостојувањето на државата во 1991 година, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените![]()
Правиме суштински исчекор кон подобрување на статусот на вработените, обезбедувајќи поповолни услови од оние предвидени со постојните законски решенија и колективни договори во јавниот сектор.
Клучната новина е значителното зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира етапно:
7% зголемување од 1 март 2026 година;
дополнителни 7% од 1 март 2027 година и
дополнителни 7% од 1 март 2028 година.
Со ова, вкупното зголемување на платите ќе достигне 21% во наредниот тригодишен период.
Овој договор значи повеќе сигурност, подобри услови за работа и поголема заштита на работничките права – од додатоци за ноќна и прекувремена работа, до јасни механизми за заштита од вознемирување и унапредена безбедност на работното место.
Продолжуваме со конкретни политики што носат реални придобивки за граѓаните и за вработените во јавниот сектор.

