Лукаревска децидна – Спогодбите не можат да бидат над законите
Постојат работодавачи коишто сметаат дека со првото пуштање на декларацијата за плати каде што имаат утврдено 14,500 денари минимална плата за работниците, можат потоа да направат корекција, за којашто корекција секој работодавач сноси соодветна кривична, материјална и морална одговорност и тоа право нему му е обезбедено со законот, вели Директораката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на новинарско прашање, на денешната прес – конференција.
„Меѓутоа има и работодавачи коишто склучиле соодветни спогодби со своите вработени, но за тие спогодби и јас и директорката на Државниот инспекторат за труд, имаме информирано дека не се и нема да бидат над законот. И за вакви ситуации, за коишто сме слушале и слушаме секојдневно дека на пример има и други работници кај коишто е исплатена целата плата, а потоа им е наложено да дел од тие средства ги дадат или ги уплатат на некоја друга сметка зад којашто соодветен работодавач, исто така ги детектираме“, вели Лукаревска.
Таа истакна дека УЈП има соработка и со други релевантни организации коишто се борат за заштита на работничките права за работничките права, нагласувајќи дека многу пати во минатото, а и сега се во постојана координација и со Министерството за труд и социјална политика, за да ги детектираат сите овие работодавачи.
Бобан Илијевски

