На шалтерите на АД Пошта стартуваше услугата за уплата на дневен промет преку Халкбанк АД Скопје
Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 02 јуни 2021 година, на шалтерите на А.Д. Пошта на Северна Македонија е достапна услугата за уплата на дневен промет на трансакциска сметка.
За користење на услугите преку Пошта, потребно е клиентите еднократно да потпишат образец – Согласност за користење на услуги во Пошта, кој е расположив на шалтерите во филијалите на Банката. Овој документ ја изразува согласноста на клиентот за користење на услугите на шалтерите на Пошта во согласност со Политиките и Процедурите на Халкбанк АД Скопје.
Тарифата за користење на оваа услуга изнесува 0,2% од уплатениот износ, односно мин. 20 денари.

