Неделков: Првата средба со Министерката Царовска беше конструктивна
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК Јаким Неделков денеска учевстувал на средба со новата Министерка за образование и наука Мила Царовска на која се зборувало за делот програмата за работа на училиштата во услови на коронавирусот.
Според Неделков, средбата била конструктивна. Тој посочи дека станало збор и за отворени прашања во образованието, но не навлегле во детали, со тоа што се договориле да направат уште средби на кои ќе се разговара за овие прашања.

Имено, едно од отворените прашања кое се однесува на Високото образование е потпишување на Колективен договор, за што СОНК, како што вели Неделков, континуирано работи да се преговара и потпише со Министерството.
Бобан Илијевски
