Нов дом за стари лица во Словенија не може да проработи – бараат вработени од октомври 2022 година!
Долгоочекуваниот дом за стари лица, изграден во Пивка од австриската компанија „СенеКура“, сè уште стои празен. Опремата е подготвена, редот на жители кои сакаат да се вселат се подолги, но нема персонал. Бараат вработени за згрижување на најзагрозените од октомври 2022 година, но никој не се пријавува на огласите и покрај тоа што општината е подготвена да понуди и станови на персоналот. Слично е критична ситуацијата во целата Словенија, информира Н1 Словенија. Поради недостиг на кадар, повеќе од 1.000 кревети остануваат празни, а единственото нешто што спасува од целосниот колапс на системот е неверојатната пожртвуваност на вработените.
„Како општество треба длабоко да размислиме за тоа дека денес жителите во домовите за стари лица можат да се капат само еднаш на секои седум или десет дена или воопшто да не се капат“, предупредуваат вработените.
Како што изјави за Н1, Санда М. Гаврановиќ, оперативен директор за јадранскиот регион, повиците за работни места – кои тие мора да ги повторуваат цело време – се отворени повеќе од две години, поточно од октомври 2022 година.
„За стартување на домот во Пивка итно ни е потребен персонал, поточно бараме две дипломирани медицински сестри и четворица медицински техничари. Бараме и болничари за кои веќе имаме неколку апликации, но ќе почнеме да ги регрутираме дури откако ќе ги пополниме позициите за медицински техничари и дипломирани медицински сестри“, објасни таа. Во меѓувреме, сепак, некои работници се вработени во домот и моментално работат во Пивка или во некоја од другите единици на „СенеКура“.

