НУК: МАКЕДОНИЈА ПОД ЕНЕРГЕТСКИ ФАШИЗАМ
ЕВН енергетски џелати пуштени на терен за масовна егзекуција и уништување на угостителите и угостителската индустрија во услови кога сеуште се на сила Владините одлуки за забрана и ограничување на работа на угостителските објекти.
Имено, без никаква најава или предупредување ЕВН џелати со фашистички и насилнички методи и наредби од нивните претпоставени и газди на лице место судат и пресудуваат за правото на користење на електрична енергија.
Од постанокот на светот до пред само еден век на сите жители на земјата самата природа ги обезбедува петте основни работи за преживување и опстанок: сонце, вода, воздух-кислород, храна и енергија. Пред нешто повеќе од еден век Никола Тесла покрај бенефитот на користење на само топлинска енергија ни ги отвора портите и вратите на еден нов свет на енергија денес познат како електрична енергија. Сите негови напори за создавање бенефитите од оваа енергија како право од бесплатно користење на сите жители на планетата е уништено без можност истото да го реализира.
Со што навистина се соочуваат угостителите и угостителската индустрија во услови на пандемија со Ковид 19 и енергетска криза!?
Денес како Македонци сме сведоци дека живееме во држава во која функционира уште една држава или држава поголема од државата која ја губиме од ден во ден се повеќе, која држава со скратено име ЕВН на некој начин во едно време под сомнителни околности нашла начин и се стекнала со одредени права и сопственост и ја искористила државата преку лични интереси на сметка на сите нас и денес не држи сите во заложништво поголемо дури и од робовладетелското и фашистичкото заложништво.
Оваа држава позната и како држава на електрична енергија под скратеното име ЕВН во која не постои начин и можност на директна комуникација да се стигне до лицата која ја водат и владеат водена и контролирана од друга држава се стекнала со право да во 21ви век самостојно не суди, одлучува и ни го ускратува правото на користење на основната работа која ни е неопходна за опстанок односно да биде егзекутор и модерен џелат и во било кој момент ако навреме не сме ја подмириле обврската да не суди и веднаш одлучи за правото на користење на електрична енергија без кој енергенс е просто незамисливо да се живее или води бизнис во 21виот век.
Независната угостителска комора односно угостителскиот објект Д ХАУС (анг. The House) на Стив Наумов 102Д, Скопје кој ги обезбедува условите и канцеларијата за функционирање и работа на комора во петокот го запозна својот ЕВН енергетски џелат кој не само што ја искористи својата позиција и овластувања и овластувањата што му се пренесени од страна на неговите работодавци и директори туку и насилнички и покрај тоа што немаше право самостојно одлучи да го исклучи објектот не од струјомери каде се стекнал со законско право туку да го исклучи објектот од разводна табла со снабдување со електрична енергија притоа свесно знаејќи дека ја користи својата надмоќ и позиција и како џелат одлучува дека треба да го пресече доводот на енергија поставувајќи се себеси во улога на лице со право да изврши евтаназија во моменто кога сите живееме во услови на пандемија а поготово кога угостителите и угостителската индустрија се тие кои најмногу страдаат поради сите мерки и ограничувања со кои работат и функционираат во време на пандемијата со Ковид-19.
Верувам дека многу угостители и не само угостители веќе и граѓани се соочиле или ќе се соочат во наредниот период со своите енергетски џелати кои насилнички на измама ќе бараат да упаднат во нивните домови или објекти доколку струјомерите се сместени во нивниот имот, а ако не успеат тогаш ќе најдат начин мртво ладно без трунка одговорност да ја употребат својата секира и да Ви го пресечат доводот и правото на користење на електрична енергија со едно единствено право дека не сте ја исполниле својата обврска односно не сте платиле на време, не навлегувајќи во причите зошто тоа се случило, ниту сносејќи било каква обврска и одговорност за штетите и загубите што ќе ви ги нанесе користејќи го и злоупотребувајќи го исклучиво неговото стекнато право.
Замислете само за споредба истото право го имаат и тие што имаат обврска да Ви обезбедат и гарантираат приклучок и достава на чиста вода за пиење и хигиена.
Се прашуваме само што ќе биде следно!?
Правото што ќе се пренесе на некој или некого, правото со монопол за дишење на чист воздух или правото и монополот на користење на сонце со оглед дека во моментов правото на користење на храна е диспензирано и комерцијализирано!?
Лицата одговорни за фашистичкото и насилничко однесување во рамките на државата ЕВН АГ Групација во Македонија како членови на управниот одбор кои владеат во Македонија се:
- Дипл. инж. Штефан Петер, МБА Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје,
- Маг. Јирген Флајшхакер Заменик Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје и
- Дипл. ел. инж. Сашо Стојкоски, Член на Управен одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје.
Да не ги заборавиме и надзорниот одбор кои ги потврдува одлуките на Управниот одбор:
- Претседател на Надзорниот Одбор Маг. Штефан Шишковиц, MBA Член на Управниот одбор на EVN AG
- Членовите:
- Гералд Рајдингер EVN AG
- Д-р Клаус Колхубер EVN AG
- Дипл. инж. Маг. Клаус Штрикер EVN AG
- Маг. Роберт Симоноски
- Претседател на синдикатот на ЕВН Македонија АД, Скопје
- Билјана Чакмакова Адвокатско друштво „ЧАКМАКОВА АДВОКАТИ“
- Независни членови
- Дипл. инж. Јохан Екмаер EVN Netz NOE
- Дипл. инж. Хајнрих Битнер EVN Netz NOE
- Маг. Горан Марковски Претставник на Владата на Република Македонија
Ако пробате на некој начин да стапите со било кој од нив во контакт ќе се соочите со моментот дека се зашитени повеќе од нашиот премиер и претседател. Не само што нема да најдете и добиете нивни контакт на ниеден начин туку и нивните слуги – директори по подружници ги имаат истите права и заштита.
Ние го запознавме нашиот енергетски џелат од ЕВН АГ Групација кој не е само џелат туку и насилник што си зема за право во име и за сметка на своите претпоставени без никаква одговорност да ни ги пресече доводите односно ускрати правото на користење на електрична енергија од нашиот и Вашиот систем на дистрибуција на електрична енергија.
Со неговата слика го започнуваме и албумот на сликички на ЕВН АГ Групација македонски џелати и Ве покануваме, ако го знаете името на Вашиот ЕВН Џелат или имате негова слика слободно да ни ја пратите да ги запознаеме џелатите на државата ЕВН АГ МАКЕДОНИЈА и да ги направиме познати на јавноста и пријателите за кога ќе ги видат на улица слободно да покажат со прст на нив!
Со оглед дека овој ЏЕЛАТ ги загрози не само работата на друштвото што и овозможуваше функционирање на комората туку и директно ја загрози мојата егзистенција и опстанок како Претседател на комора, што како лице и фамилија ми дава за право на ист начин додека ги дознам неговото име и презиме да го прогласам за ПРВА ПЕРСОНА НОН ГРАТА не само него туку и целата негова фамилија во име на сите угостители и угостителски објекти. Следниот пат кога ЕВН ЏЕЛАТИТЕ или било кои од нивните фамилии посакаат да посетат некој угостител или угостителски објект да си го ускратат тоа нивно право затоа што не може од една страна да бидете џелати и да уништувате бизниси и животи, а од друга страна да барате услуги од истите тие на кој сте им ги уништиле фамилиите односно правата за користење на електрична енергија за остварување на правото за достоен живот или бизнис.
И да не биде забуна одлуката не е само за нашиот џелат, одлуката е и за сите негови раководители, колеги и директори со целосно име и презиме јавно објавени на нивната Веб страна наведени подоле
- Штефан Петер
- Јирген Флајшхакер
- Сашо Стојкоски
- Штефан Шишковиц
- Гералд Рајдингер
- Клаус Колхубер
- Клаус Штрикер
- Роберт Симоноски
- Билјана Чакмакова
- Јохан Екмаер
- Хајнрих Битнер
- Горан Марковски
и да ги прогласам не само нив туку и нивните фамилии за ПЕРСОНА НОН ГРАТА за сите угостители и угостителски објекти и да не се замараат дали тоа они си ги плаќаат своите сметки на време туку следниот пат кога ќе посакаат да отидат кај било кој угостител да се присетат дека не ни требаат нивните пари се додека себеси се сметаат за џелати со право во било кој момент да не судат и одлучуваат за она што денес треба да е неприкосновено право на секој граѓанин и бизнис правото на непречено и континуирано користење на енергија вклучувајќи ја и електричната енергија.
А за тоа дали е на време, дали се доцни или кога е платена обврската за која се стекнале со право да ја наплаќаат треба малку главите да си ги удрат во зид и да размислат каде и со кого живеат!!!

