Светот на работникот

Одредете ги приоритетите: 5 совети како да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот

Работата во канцеларија и работата на далечина можат да им донесат различни животни стилови на вработените. Работата на далечина е поповолна бидејќи ја комбинира работата и слободното време. Работата не би требало да биде главен фокус во животот и препорачливо е да се бавиме со други работи. Еве неколку начини да го користите личниот календар за да ги одредите приоритетите и покрај обврските на работното место.

1. Направите блок на личното време

Морате да работите одреден број на часови секој ден во согласност со вашиот договор. Но вон нив, дајте се од себе во потполност да ја избегнете работата. Во спротивно, поминувате помалку време со други лица. Можете себеси да си помогнете така што ќе креирате временски блокови особено посветени на домашниот живот. Ова е можеби се што е потребно за да се направи разлика, дури и ако ефектот зза вас е чисто психолошки.

Различните платформи на календари пружаат различни начини за визуелизација на вашиот распоред. Меѓутоа, поголемиот дел претставуваат временски периоди како правоаголни блокови. Ова е една од причините зошто овој метод се нарекува „временско блокирање“. Не морате да размислувате за работата во овие моменти, бидејќи е веќе вкалкулиран или ќе биде дополнително. Тоа е одличен начин да се систематизира својот дневен ред, пишува Entrepreneur.

2. Пренасочете ја деловната комуникација додека сте вон должност

За да ги олесните временските блокови, можете да осмислите систем за пренасочување на деловната комуникација додека не сте на работа. На пример, присутните колеги можат да бидат вашата точка на контакт на кои другите можат да им се обратат со прашања кои се обично за вас. Во програмите на календарот кои тоа го дозволуваат, можете да прилагодите алтернативни контакти во рамките на својот профил за оваа цел. На овој начин, луѓето на кои сте им потребни можат веднаш да бидат упатени на вашата точка на контакт откако ќе ви се јават.

dao otkaz

Фото: Pixabay

Ако тоа не успее, однапред известете ги луѓето дека нема да бидете достапни и цврсто држете се до тоа. Како што е претходно споменато, работата не е единствениот ваш приоритет и поради тоа не треба да биде пречка на вашиот личен живот. Се што е во врска со работата може да почека до следниот ден, а доколку не може, би требало да бидете платени за тоа.

3. Исклучете ги известувањата за работа во текот на слободното време

На крајот, не морате да правите ниедна од овие работи или дури да се обраќате на другите. Ако колегите не го почитуваат вашето работно време, соопштувањето на вашата недостапност може да помогне. На крајот, тоа ќе спречи поголема главоболка ако ги исклучите известувањата после работа. Дури и ако сте делумно достапни, не сакате постојано да ве враќаат во канцеларија со секое известување.

Добро е да имате посебни работни и лични уреди, при што првите ќе бидат единствени приматели на известувањата од работа. Но, секако, не сите професии имаат утврдено работно време, а вашето може да бара да бидете дежурни во текот на подлог временски период. Во овој случај, можете физички да се одвоите од уредите за работа во текот на времето со друго лице.

Posao

Фото: Pixabay

4. Подесете автоматски одговори за настани вон работното време

Уште еден начин да го зачувате вашето време е вашиот календар автоматски да ги одбива настаните после работното време. На овој начин не морате ништо да работите активно. Ако навистина сте потребни, испраќачот може да ви се обрати лично. Но, повторно, ова создава наменски филтер кој делува во позадина на вашата работа. И колку повеќе процесот е поцврсто поставен, на другите им е се потешко да ги заобиколат вашите лични временски граници.

Можете да подесите одредени денови и време за автоматизација така што тоа да не се случува универзално. На пример, ако имате состанок во петок навечер, можете да го активирате дури тогаш. Ако гледате фил секоја вечер од 20 до 22 часот, можете да направите вашиот календар да го избегнува само тој период. Што и да е најдобро за вас и вашиот баланс помеѓу работата и приватниот живот е идеално.

Mladi

Фото: Pixabay

5. Нека вашиот распоред биде транспарентен

Конечно, можеби ќе ви биде наједноставно вашиот распоред да го направите јавно достапен за да вашите колеги можат да имаат увид во него. Ставете врска во вашата електронска пошта и другите пораки така што секој кој ќе ве контактира ќе може да ја види. Означете ги претходно направените временски блокови онолку прецизно колку ви е потребно, вклучувајќи ја и природата на времето, нефлексибилноста итн.

Можбеи би било од помош да користите распоред за да самите останете на правиот пат и да бидете транспарентни. Можете да закажете настани директно во него, како што се вечери или концерти, за да го задржите нивното значање. Ништо нема да ви го олесни одредувањето на приоритетот на вашето лично време повеќе од тоа да бидете отворени, но и цврсти кога се работи за вашиот распоред.

 

Извор: BIZLife

Фото: Pixabay