ЕкономијаМакедонија

Откако цената на струјата поскапе, Ковачевски вели дека РАБОТЕЛЕ ДА НЕМА ПОСКАПУВАЊЕ

Претпоставувам во наредниот период, и работиме на тоа да нема зголемување на цената на електричната енергија, а може во некои сегменти да има и намалување. Минатата година АД ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти, а за оваа година планот е повторно зоглемување на производството на електрична енергија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на првиот панел „Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 oтсто во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100 проценти покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20 проценти. Во моментов, како што рече тој, се користи гас кој е од извори од САД, од Северна Африка итн. Се она што беше дадено како задача на тимот кој работеше, вели Ковачевски, беше исполнето до перфекција.