ПАРИ АНАЛИЗА: СТИГНА СМЕТКАТА ОД ,,СКОПЈЕ 2014″. КАКО ЈАВНИОТ ДОЛГ СЕ ЅИДАШЕ НИЗ ГОДИНИТЕ?
Јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра или 64,4 проценти од Бруто домашниот производ заклучно со 30 јуни. Ова е историско највисокото ниво на јавен долг. Порталот Pari.com.mk анализираше како растеше јавниот долг низ годините и која година се случи пресвртница.
Според графиконот на Министерството за финансии (со податоци што се евидентирани од 2002 година) на најниско ниво јавниот долг бил во 2008 година. Оваа година јавниот долг изнесувал 23 проценти од бруто домашниот производ, односно 1,7 милијарди евра.

Извор: Министерство за финансии
Само ова година кон старите долгови ќе се придружат уште нови речиси 1,5 милијарди евра, односно износ кој е за само 200 милиони евра понизок од вкупниот долг во 2008 година. Годинава, буџетскиот дефицит, како разлика меѓу планираните приходи и расходи ќе изнесува околу 750 милиони евра и над 700 милиони евра е отплатата на стари долгови. За буџетскиот дефицит и за старите долгови ќе се скројат нови долгови.
Повеќе на Пари

