ЕкономијаМакедонија

Поголем минималец ќе има кога ќе има договор меѓу синдикалците и работодавачите

Минималната плата во Македонија ќе се зголеми кога ќе биде постигнат договор меѓу синдикалците и работодавачите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посака плата од 1 000 евра за сите работници, но нагласи дека економско-социјалниот совет е местото каде што ова прашање треба да се разгледува. Мицкоски ја поттикна дебатата во институциите, велејќи дека „ова не е тема за политички поени“.

Во својата изјава, премиерот изрази задоволство од досегашниот договор постигнат за зголемување на платите во различни сектори, како што се образованието и здравството. Тој потсети дека Владата постигнала договори за зголемување на платите во сите институции и дека повеќе нема вработени со плата на ниво на минималната во тие сектори.

Мицкоски, исто така, се осврна на инфлацијата, истакнувајќи дека услугите се „главниот драјвер“ на зголемената инфлација во земјата. Тој објасни дека цените ќе опаднат само кога граѓаните ќе престанат да ги плаќаат високите цени на услугите. Владата, според премиерот, не може да интервенира директно во оваа област, но нагласи дека решение може да се најде преку конструктивен дијалог меѓу синдикатите и работодавачите.