МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Подршка и учество на СПМ на протестен марш во Битола

За ПРАВДАТА ‼️ 

Секогаш кога ќе се случи некој немил настан, се бара виновник, за да биде задоволена правдата. И најчесто виновен е тој што прв ќе биде покажан со прст, во очите на народот. А кој е најлесна мета за тоа❓ Кој прв е покажан со прст❓ ПОЛИЦАЕЦОТ‼️❗ Дежурен виновник за се. Но тоа не е страшно, тоа е нормално, народски,обичајно…

Она што е страшно, посебно во последно време е тоа што институциите на републиката не осудуваат на “покажан прст”, а не на факти и докази. Не осудуваат предвремено, задоволувајќи ја единствено желбата на некого, а не правдата. 

Токму тоа се случи и со нашиот колега Гоце Петковски од СВР Битола‼️❗

Предвремено беше јавно осуден од самата институција каде работи, од МВР, од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без притоа да се почитува постулатот “Презумпција на невиност”. Судот го осуди очигледно без почитување на римското “Сослушај ја и другата страна”❗

ОСУДЕН ЗА ПОСЛЕДИЦАТА БЕЗ ДА СЕ ПОБАРА ПРИЧИНАТА!⁉️

Одбивајќи напад од себе и кон другите колеги, од лица кои биле под “дебело” дејство на алкохол, кои пред тоа ја загрозиле безбедноста на сообраќајот и граѓаните возејќи брзо и без контрола, “распарчиле” разводен столб на ЕВН – употребил физичка сила. Овластување дадено со Закон од истите оние институции кои го оставија на цедило од само за нив познати причини. Но секако не за задоволување на правдата!!! 

ОВДЕ ПРАВДАТА НЕ Е ЗАДОВОЛЕНА!!! 

Нашата страна од” приказната” никогаш не е согледана, бидејќи ние, Полицијата, сме “обучени” да знаеме подобро!!! Во служба на граѓаните. ДА. Но не во служба на нечии интереси како жртвени јагниња!!!

За Гоце Петковски мора да има правда. За Гоце Петковски мора да има правна држава. 

Бидејќи Гоце Петковски сме сите ние, секој полицаец, секој припадник на МВР!!! 

Заради сето ова, Синдикат на полиција во Македонија два целосна подршка на Граѓанскиот протест во Битола, Сабота 13.11.2021 година во 17.00 часот. И притоа апелираме до нашите членови, колеги да излезат што е можно помасовно за подршка на нашиот колега Гоце Петковски. 

Да излеземе заедно со граѓаните кои даваат несебична подршка и да покажеме единство. 

МОРАМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ И ДА ГО ЗАЧУВАМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ!!! МОРАМЕ❗