Почна Саемот за вработување 2021 отворен до 19 ноември
Започна седумнаесетото и воедно и второто виртуелно издание на Job Fair, саем за кариера и вработување на студенти, организирано од страна на Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје. Ема Георгиева, студентка на ФИНКИ, денеска во Утрински брифинг ги повика студентите да ја искористат можноста и да воспостават контакт со компаниите кои нудат можност за практична настава и вработување.
Саемот ќе се одржува до 19.11.2021 и на истиот можат да учествуваат сите млади кои сакаат да напредуваат во својата кариера, истиот ќе биде составен од Networking настани и Вебинари. Начинот на пристап е преку линковите поставени на нашите социјални медиуми или со оставање на мејл и потоа на тој мејл ќе пристигне линк до Networking настаните и Вебинарите. Networking настаните се наменети за запознавање на студентите со компаниите, праксите кои ги нудат, обврските кои студентите ќе ги имаат преку Q&As, споделување на Success Stories од страна на вработените, објаснува Георгиева.
Повеќе на Слободен Печат

