13 % разлика во висината на платите помеѓу мажите и жените на ниво на ЕУ, 18 % во Македонија.
Законите на ниво на ЕУ, но и во нашето домашно законодавство предвидуваат недискриминација помеѓу мажите и жените, а ова е една сериозна состојба на која треба да се работи системски за да се постигне целта еднаква плата за иста работа. Тежината на работните задачи за едно конкретно работно место е подеднаква, без разлика дали ќе ја врши маж или жена!
Од таа причина треба пред сè да се подигне свеста дека жените имаат пониски плати од мажите, како и дека ова негативно влијае на квалитетот на животот и социо- економските услови.