ЕкономијаМакедонија

Рафајловски: Ги теравме луѓето да купуваат инвертори, а сега струја нема или е скапа

Имаме еден огромен проблем, државата и раководството во државата ни спие за енергетската криза. На пример во месец мај Италија ги обезбеди сите потребни количини струја што може да ги произведе Босна и Херцеговина. Не сакам да верувам дека имаме толку неподготвени институции, вели за Утрински брифинг финансискиот консултант и аналитичар, Горан Рафајловски.

-Утре е нов ден беше главната флоскула на оваа влада, а се однесувавме купи ден помини. Косово, да бидеме начисто нема да ни даде јаглен, а реално ние не извршивме ни редовно одржување на РЕК Битола. За ваквата ситуација оставката е најмалку што може да си поднесат тие луѓе кои стоеа зад оваа стратегија, вели Рафајловски.

Рафајловски вели дека компаниите кои добавуваат струја беа убедени дека ќе обезбедат ниска цена на струјата.

-Доколку не го знаеле тоа и не го предвиделе тогаш се лоши во бизнисот. Кај нас се докажа постојат исклучително два силни партиски блока кои постојано се менуваат на власт. Двата партиски блока оној момент кога ќе се затворат сами со себе или го победат другиот создаваат експлозија и одвнатре се распаѓаат, вели Рафајловски.

Тој вели дека одлуките сега треба да бидат многу рационални, а дека струјата сигурно ќе поскапи, па државата ќе мора да интервенира со високи суми од буџетот.

-Ние под итно треба да тргнеме со гасификација, не да спиеме. Тековната криза можеме да ја надминеме со набавка на скапа струја од Норвешка која единствено е достапна на пазарот, а понатаму ќе работиме да го поправиме РЕК да купиме нов багер, конечно да ги изградиме Чебрен и Галиште и на крајот потребни се храбри одлуки а нив може да ги донесат само луѓе што знаат, вели за УБ финансискиот консултант и аналитичар Горан Рафајловски.

Извор: Слободен печат