МакедонијаСиндикат

Регионалниот одбор на СОНК Делчево одржа семинар на тема: „Синдикално организирање и делување“

✨ РО на СОНК ДЕЛЧЕВО

✅️Денес успешно го реализиравме првиот од неколкуте предвидени семинари на тема „Синдикално организирање и делување“, кој се одржа во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево🏡

💯👌„Семинарот беше реализиран под покровителство на Советот на СОНК, со цел јакнење на синдикалните капацитети и унапредување на организациското делување.
🗣Предавач на семинарот беше претседателот на Регионалниот одбор на СОНК – Делчево, Александар Парасков.

✅️На настанот учество зедоа синдикални активисти и членови од неколку средни и основни училишта од регионот:

  • СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица
  • ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
  • ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево
  • ООУ „Климент Охридски“ – Делчево
  • ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

📢Присутните имаа можност да разменат искуства, да ги продлабочат знаењата за синдикалното делување и да ги унапредат механизмите за заштита на работничките права.

🤝Голема благодарност до сите учесници за активната вклученост и придонесот.
✊️❤️Заедно сме посилни. Заедно градиме подобри услови за вработените во сите дејности кои ги застапува СОНК .💙✊