МакедонијаСиндикат

Регионалниот одбор на СОНК – Центар ја одржа својата редовна седница

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

На 21.04.2026 година, во салата за состаноци на СОНК, Регионалниот одбор на СОНК – Центар ја одржа својата редовна седница.
Во рамки на дневниот ред, претседателот Јаким Неделков најнапред информираше за активностите на Синдикатот, како и за актуелните состојби во дејностите што ги застапува СОНК.
Потоа, во конструктивна и позитивна атмосфера, беше отворена дискусија во која беа разгледани одредени прашања и проблеми со кои се соочуваат вработените во сите дејности во изминатиот период.
Во текот на дискусијата, посебно внимание беше посветено на новонастанатата ситуација поврзана со оспорувањето на Колективниот договор за култура. Во таа насока беа изнесени повеќе аргументирани предлози, при што како заеднички став се наметна потребата од континуиран социјален дијалог и заедничко делување, со цел унапредување и зачувување на правата на членовите на СОНК.