СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа
Соопштение за јавност на СДСМ:
Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа.
Со Мицкоски стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо.
Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е поскапен за над 38%, овошјето за над 10% а продажните цени во земјоделството за 23%. Поскапени се месото, јајцата, зејтинот…булвално се. А платите не мрдааат, заковани на дното, македонските работници имаат најниски плати во Европа.
Економијата е во надолна линија. Инвестициите паднаа за над 60%. Компаниите отпуштаат работници, има над 1.500 отпушени работници за само неколку месеци. 180 милиони евра, заклучно со минатиот месец, е долгот за поврат на ДДВ кон компаниите.
Додека раскажува бајки за 3 та економија во Еропа Мицкоски не презе мерки да им помогне на граѓаните во криза и да го заштити стандардот.
Сега е предоцна – цените веќе пораснаа, а граѓаните ја плаќаат сметката.
Народот не живее од бајки, секој ден граѓаните се соочуваат со реалноста. Потребни се итни мерки за намалување на цените на храната и за поддршка на ранливите категории.

