Се очекува нова цена на горивата – Попладне ќе се знае што ги чека граѓаните!
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.
Минатиот понеделник РКЕ донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.
Цела недела горивата се продаваа п оследниве цени:
Еуросупер БС-95 – 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 – 84 денари за литар.
Цената на Еуродизелот изнесува 95,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство се продава по 96,5 денари за литар. Цената на мазутот е утврдена на 49,227 денари за килограм.
Со одлуката од минатата недела, бензините поевтинија за 1,5 денар по литар, дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.
Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела изјави дека Македонија, според анализи на ММФ, е меѓу првите три држави во Европа по бројот на применети мерки за справување со ценовните шокови.
Тој посочи дека Владата во овој период најголем дел од активностите ги насочува кон надминување на ценовната криза на горивата, која има влијание врз цените на производите.

