МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата бара почитување на Правилникот за заштита при работа

📌Барање за почитување на одредбите на Правилникот за заштита при работа на работниците во Министерството за Внатрешни Работи
👮‍♂️👮🏼‍♀️Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи,
 
📌❗Согласно одредбите од Правилникот за заштита при работа на работниците во Министерството за Внатрешни Работи, заради отстранување на штетните последици предизвикани од посебните услови на работа, се доделува зајакната исхрана за секој работен ден од ½ литар млеко или јогурт (по желба на работникот) на работниците кои работат на следните работни места во Министерството на :
• Сите работници на ОКТУПА опфатени во наведениот правилник и
• Полицајците во ПС и ПО за БПС .
 
✅Согласно наведените одредби Бараме ВЕДНАШ да се отпочне со примена на одредбите од наведениот правилник и да се започне со доделување на зајакната исхрана за наведената категорија на работници и истите да започнат со доделување од почетокот на тековната 2021 година. Со наведеното да бидат опфатени и сите работници на наведените категории во предметниот Правилник за заштита при работа.
Согласно наведеното побаравме од Одделот за општи и заеднички работи писмено да ни биде одговорено за преземените мерки во законскиот рок а доколку не преземат мерки и не одговорат писмено, ќе бидат преземени понатамошни мерки согласно правилата и прописите.
 
⛔Чуствуваме огорченост за тоа како може до сега еден Синдикат, потписник на наведениот Правилник, до сега да не преземе никакви мерки за заштита на здравјето на вработените, како и користење на зајакната исхрана која им следува! Но, тоа е нивна работа.
ДА ГО ВРАТИМЕ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА❗ – стои во фејсбук статусот на Синдикатот на полицијата во Македонија. 
 

📌Барање за почитување на одредбите на Правилникот за заштита при работа на работниците во Министерството за Внатрешни…

Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Tuesday, October 13, 2020