Скопјанец пренесен на клиника, тешко се повредил на работното место
Зачера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен В.К.(53) од Скопје, велат од МВР.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар, при увид на градежен лифт.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен трудов инспектор.

