Славјанка вработува советник, плата до 50.000 денари, еве што е потребно за да аплицирате
ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (еден) посебен советник во Кабинетот на министерката за одбрана на Република Северна Македонија, на определено време (линк):
Министерството за одбрана има потреба од вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерката за одбрана и тоа:
посебен советник за прашања од областа на надворешната политка;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
да е државјанин на Република Северна Македонија, – да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Кандидатите покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС. – со работно искуство.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат наведените услови.
Кандидатите кон пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите наведени во јавниот оглас, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
Доказ за државјанство на Република Северна Македонија; – Доказ за општа здравствена способност за работното место;
Доказ со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение/диплома за завршен степен на образование;
Кратка биографија; – Мотивациско писмо. Распоред на работно време:
работни часови во неделата: 40; − работно време: од 07:30 – 08:30 до 15:30 – 16:30; − работни денови: од понеделник до петок.
Како посебни услови за работата во кабинетот се предвидуваат:
работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.
Паричен износ на основната нето плата изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за одбрана на Република Северна Македонија.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена вклучувајќи го денот на објавување.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Пријавата со потребните документи да се достави до архивата на Кабинетот на министерката за одбрана на Република Северна Македонија, ул.„Орце Николов“ бр.116, 1000 Скопје, со назнака „за огласот за посебен советник“.
Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата на Кабинетот најдоцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Постапката за вработувањето од точка 1 на овој јавен оглас ја спроведува Комисија за селекција и избор на кандидат по јавен оглас.
Јавниот оглас за вработување на наведеното работно место, да се објави во најмалку два дневни весници од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Извор mod.gov.mk.

