СПМ: Додатокот за неработен ден мора да биде исплатен
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
Додатокот за неработен ден мора да биде исплатен![]()
Со измените и дополнувањата за Упатството за начинот на евидентирање на реализирани часови прекувремена работа….. (број 13.1.1-11853/1 од 03.02.2025 година), се врши измена на членот 5 од предметното Упатство каде се додава нова алинеја 4 која гласи:
„Во рубриката 10-а се внесуваат податоци за вкупниот број на часови на работа во неработни денови утврдени со закон (понеделник доколку празникот се паѓа во недела)“
Согласно наведеното, со оглед дека сеуште во системот за плата овие измени не се вметнати односно работниците кои го оствариле ова право не им се исплаќа додаток за работа во неработен ден месеци наназад, Бараме започнување со имплементацијата наведеното и конечно исплаќање на наведениот додаток на плата за неработен ден на оние работници кои во периодов го оствариле правото.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

