МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Како до ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА со „хаварисани“ возила во СВР Куманово‼️

Како до ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА со „хаварисани“ возила во СВР Куманово‼️

🗣️Нова ексклузивна „УБАВА„ вест 🤔‼️

СВР Куманово , добива ново полициско возило од типот „Lamborghini„ 🤔

Синдикат на Полиција на Македонија , ексклузивно дознава , дека најдобриот министер за внатрешни работи на сите времиња за време на неодамнешниот престој во Порторож , успеал за кратко да замине за Трст , каде договорил за потребите на Минсистерството за внатрешни работи да биде набавено ново полициско возило од типот „Lamborghini“ !

Бидејќи според последните податоци кои што неодамна беа изнесени во јавност од страна на Началникот во емисијата „Став„ , СВР Куманово има забележано рекордно високи резултати во процесот на откривањето на криминалитетот со просек кој што е поголем дури од просекот на „New Scotland Yard„ од Лондон , па како награда за остварените резултати , новото полициско возило од типот „Lamborghini„ ќе биде доделено за користење токму на припадниците на СВР Куманово.

Граѓаните на Куманово и соседните општини , со голема радост ја дочекаа оваа вест, од причина што сега конечно во СВР Куманово би требало да имаме „ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА„ а со тоа кај и да е ќе имаме и „БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ„ …

*****⛔*************⛔**************⛔**************⛔***********⛔**************⛔************⛔************

😢За жал сето ова погоре инесено не е точно , односно вистината е сосема различна и состојбата со службените возила и целиот возен пар на СВР Куманово е катастрофална !

Секторот за внатрешни работи Куманово, подолг временски период наназад, се соочува со сериозен проблем од недостиг на службени возила , па така според новиот измислен ефтин пропаганде слоган „МВР со граѓаните“ во овој случај припадниците на СВР Куманово се приморани поголем дел од своите службени задачи на терен да ги извршуваат пеш или пак да се позајмуваат и на тој начин за службени потреби со возила од граѓани, оштетени лица , сведоци или странки да ги извршуваат своите службени задачи.

Имено последното распределување на службени возила се има случено во далечната 2013 година , при што од тогаш до денес за припадниците на СВР Куманово не е обезбедено ниту едно службено возило⛔‼️

Во меѓувреме, постоечкиот возен парк се повеќе од ден во ден се намалува, заради честите механички кварови и хаварии на дотраените и искористени возила , па така механичарската работилница која што е задолжена за поправка на истите , моментално е претворена во „Отпад на хаварисани службени возила на СВР Куманово„ кои што на почеток се паркираа во кругот на работилницата а деновиве хаварисаните службени возила се паркираат и на тротоарот на булеварот пред работилницата и истите можат и со голо око да се забележат од страна на сите минувачи на фрекветниот булевар.😢

Како еден од најголемите проблеми со кои што во моментот се соочуваат припадниците на СВР Куманово, е недостигот на транспортно полициско комбе (т.н.„Марица„) кое што првенствено служи за приведување и спровод на лица , па така за приведување , транспорт или спроведување на едно или повеќе лица, се користат обични и за таа намена целосно несоодветни и небезбедни службени возила , а со небезбедни и несоодветни возила своите службени задачи ги извршува и групата за интервенција на ПС за ОН Куманово.

СВР Куманово , до само пред една година на располагање имаше две вакви наменски полициски комбиња , а сега во моментот нема ниту едно , иако за одржување на истите редовно се плаќаа фактури од стотици илјади денари⁉️⁉️⁉️

На територијалното подрачје на СВР Куманово , се наоѓаат четири гранични премини (ГП „Табановце„ , „Г.П.„Белановце„ , Г.П.„Пелинце„ и Г.П.„Деве баир„) , еден железнички граничен премин („Табановце„) , исто така се наоѓа и еден камп за мигранти во с.Табановце како и една казнено поправна установа во с.Кшање , па така потребата од приведување или спровод на лица сторители на тешки кривични дела е речиси секојдневна и редовна активност на припадниците на СВР Куманово, а која што активност истите ја извршуваат со за таа намена несоодветни и небезнедни патнички возила .

Се разбира , со ваков проблем не се соочува „незаменливиот“ началник на СВР Куманово со иницијали С.В. , кој што последните нови три службени возила кои што се распределени за користење на СВР Куманово (две „Шкоди„ и едно „Венто„) , ги има целосно присвоено и „приватизирано“ сам за себе, па така на работа доаѓа со едно возило, преку ден своите приватни обврски си ги врши со друго возило , а за после работа за неговите приватни екскурзии по Куманово и Скопје се служи со трето службено возило.

Го “замолуваме” Министерот Спасовски воопшто да не ги проверува овие наводи за началникот како и службата која тоа и е основно нејзино занимање – ОВККИПС затоа што началникот е „НАШ“ човек🤔‼️

Го прашуваме најдобриот министер за внатрешни работи НА СИТЕ ВРЕМИЊА Оливер Спасовски да одговори , дали на ваков начин истиот мисли дека создава „Задоволна полиција„ ? И дали на ваков начин истиот мисли дека имаме „Безбедни граѓани„ ?

Јавно упатуваме Барање до Министерство за внатрешни работи , целосно да ја испита оваа катастрофална состојба со службените возила во СВР Куманово. Лично тој , затоа што внатрешната контрола очигледно „Е ЗАСПАНА ВО ЗИМСКИ СОН“ и не работи и констаира повреди „ЗА НАШИТЕ“.