МакедонијаСиндикат

СПМ Куманово ги повикува членовите од Куманово на полициски пикник

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

СООПШТЕНИЕ И ПОКАНА ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ ОД СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА СПМ СВР КУМАНОВО – СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА – СПМ

„Од поделби кон сплотеност – бидејќи сме обични луѓе со иста болка, иста насмевка“

Колеги, пријатели, браќа и сестри по професија и живот,

Долго време не разделуваа ѕидови,

Ѕидови изградени од молк, разочараност, поделби, непријателства, функции, титули и недоразбирања.

Не’ научија да се гледаме преку раменици, да премолчуваме болка, да се откажуваме од блискоста.

Но сега да кажеме: Доста е!

Сите ние носиме иста мака.

Исти сме во задачите, иста ни е правдата што ја бараме, иста ни е тижината што нè гуши на крајот на денот.

И кога се радуваме – радоста ни е иста.

И кога ни тече солза – солзата нема функција, нема чин, нема страна.

Само човештво. Само радост. Само болка. Само една вистина.

🔴 Сите сме обични луѓе – со сина униформа и тежина што секојдневно ја носиме.

🔵 Секој од нас е вреден, секој глас е важен, секоја рака што се подава е благослов.

Никој не е повисок, никој не е помалку човек.

Затоа, Ве повикуваме –не на обичен пикник, туку на ден на враќање и обединување на еден со друг.

Да ја срушиме секоја бариера што со години не разделуваше.

Да покажеме дека човечноста, солидарноста и добродетелството се посилни од секоја функција.

Функциите се менуваат – луѓето остануваат.

И она што не’ прави луѓе е што чувствуваме – и болка и радост. И гнев и простување.

И токму тоа нè прави едно големо семејство.

📍 Место: Меморијален центар- АСНОМ во Пелинце

📅 Датум: 6-ти Септември (сабота)

⏰ Почеток: 11:00 часот

✍️✍️ Пријавување за сигурно присаство: До 25.08.2025 година ( поради добра и успешна организација на настанот)

Да дојдеме сите – не по ранг, туку по срце.

Да седнеме заедно – не по оддел, туку по душа.

Да се потсетиме – дека уште сме живи луѓе, со срце што чука за правда. И за другарство.

✨ Нека овој ден биде симбол на нов почеток –

на обединување, пријателство и човекољубие.

Зашто не’ има – и ќе не’ има многу, само ако чекориме заедно.

Со искрена почит,

СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА на СПМ СВР КУМАНОВО

Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

Сила, Правда, Достоинство