СПМ: Членовите 31 и 31а од Законот за полиција МОРААТ ДА БИДАТ ПРОМЕНЕТИ онака како што првично беше предложено од МВР
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ):
Членовите 31 и 31а од Законот за полиција МОРААТ ДА БИДАТ ПРОМЕНЕТИ онака како што првично беше предложено од МВР![]()
На ден 03.03.2025 година на порталот „Либертас“ беше објавен наслов „МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција“ каде по објавената реакција од нивна страна на предлогот за промена на Член 31 и бришење на Член 31-а од актуелниот Закон за полиција, веднаш пристигнала реакција од Министерството за внатрешни работи каде од таму информираат дека сепак е одлучено конкретниот член да не се ревидира.
Имено од соопштението: „Министерството за внатрешни работи изврши дополнителна анализа и проценка на предложените решенија и аналогно на тоа во постојната работна верзија на предлогот на закон повеќе не е предвидена никаква интервенција (ревидирање или бришење) во наведениот член, односно постојните решенија во важечкиот Закон за полиција во тој дел остануваат непроменети“ – извор МВР.
Согласно наведеното БАРАМЕ повторно И ПОВТОРНО преиспитување на спорното соопштение за повлекување на промена на член 31 и бришење на член 31-а од актуелниот Закон за полиција и како Синдикат сметаме дека наведеното решение за повлекување на предлог законот – наведените членови е избрзано со немање доволно причина и аргументи, поаѓајќи од фактот што токму од овие членови во минатото на многумина полициски службеници неосновано им се одзема оружјето иако воопшто претходно немаше започната никаква постапка согласно одредбите од Законот за кривична постапка.
Затоа повторно со оваа УРГЕНЦИЈА бараме повторно преиспитување на наведената одлука и така наведените предлог измени на Законот за Полиција да се отпочне процес за нивно донесување во Собранието на Република Македонија, имајќи во предвид дека се поголем е бројот на вработени кај кои се “злоупотребуваат” и погрешно толкуваат наведените одредби е се поголем ![]()

