Струјата за граѓаните ќе ПОСКАПИ 20% од јануари 2023 година, вели Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведе дека според испитувањето на јавното мислење, последната теренска анкета покажува дека граѓаните се најзагрижени од економските проблеми и соромаштијата со која се соочуваат.
-Најголем проблеми: лош стандард, мали плати 32%, економија 30%, корпуција 16%.
Но, вели дека за протести, треба да се почека.
-Во овој момент нема потенцијал за протести, бројката е меѓу 10 и 15% кои велат би поддржале протести. Мора да има мнозинство, не би сакале со мала излезност д се бориме против нелегитимните политики на власта, посочи Мицкоски.
Состојбата со енергијата
На берзите цената е намалена заради Бижиќ цената. По Нова година цените ќе се вратат на повисоко ниво. За задовлување на ЕВН хоум потребите, а тоа е оператор кој ги снабдува потрошувачите на регулиран пазар: домаќинства, јавни институции, од ноември до сега потрошени се 45 милиони евра само за месец и половина.
-Сите фактури се авансно платени, што е прв и единствен случај, непостои друга држава што плаќа авансно, што значи транспарентно се краде, посочи Мицкоски.
-Кога увезувате не знаете коколку ќе потрошите, физички е невозможно да знаете колку авансно ќе потрошите, но кај нас се знае, поосчи тој.
Рекоа дека трите блока во РЕК ќе работат, работи само еден. Трансформаторот не е инсталиран. Ако работеше блок 3, немаше да бидат потребни 45 милиони евра за набавка на струја.
Не се знае за Осломеј. Во моментот сега 26% хидропотенцијалот поради врнежите, но прогнозите се дека ќе нема дожд и снег. Работат 2 котли во Неготино. Од тоа што го најавија, ништо не направија, посочо Мицкоски.
Симулација на нова цена од 1 јануари 2023, 2,15 пати покачување на тарифата на ефтина струја.
За домаќинствата цената ќе е поголема за 20%, за компании помала за 30%, а тоа во целиот волумен вели дека ќе биде 4,4 квч како просечна цена. Оваа цена е без ДДВ и 11% маржа за ЕВН.
– Заклучно со февруари 2023 очекувам дека уште 50 мил евра да се потрошат за струја за ЕВН хоум за увоз, и исто толку за мазут и јаглен. Тука не го спомнувам гоговор за милијарда со белорускиот конзул во Битола, посочи Мицкоски.
За заемот од ЕБОР за ЕСМ
Заем од ЕБОР (за поддржка на ликвидноста на ЕСМ) а во суштина е заем со кој Македонија се обрзува да затвори се што е поврзано со производство на струја од јаген до 2027 заедно со РЕК Битола.
Тоа е главниот услов во тој аранжман, ние бевме потив и ќе останеме против. Бараме начин, разговаравме со министерот за финасии.
После празнииците ќе излеземе со предлог што може да се подобри во овој закон, бидејќи со ваков како што е сега егзодус на 4000 вработени од Осломеј и РЕК.
Даночна реформа
Ги анализираме во партијата, поддржавме пренесување на една во друга ставка како што беше купувањето на воен хардвер за министерстото за одбрана од САД.
Не поддржавме дополнително оданочување на камати, штедни влогови, кирии од станови и деловен простор.
Новата стапка на ДДВ, имаше многу производи со повластена даночна стапка, не се само перка од ајкула, има посуштиснки прехранбени производи, додека не ја видиме листата нема да поддржиме, посочи Мицкоски.
Данокот на ексра профит ќе го блокираме, тоа не е борба со сивата економија, туку двојно оданочување на плаќачите, а тие кои се дел од сивата економија нема воопшто да плаќаат давачки.
Нема борба проти сива економија која е 60%, ваков репресивен алат нема да поддржиме, поосчи Мицкоски.
Тој го наведе примерот на компанија која работи со фотоволтаици и која се надевала дека ќе ја продава струјата по 150, а сега цената е 400 евра – и таквите компании се одданочуваат на екстра профит во Европа.
Но, ако компанија од прехрабената индустрија инвестирала во производство и остварила поголеми проходи, не може да ја оданочувате исто како и онаа со фотоволтаици, посочи Мицкоски.
Донесоа буџет кој треба да потрошат 5 ипол милијарди евра, а е темелен на закони кои не знаееме дали ќе се донесат, поосчи Мицкоски.
-Буџетскиот дефицит ни е помал од капиталните инвестиции, излажа Битиќи, оваа година 40% е поголен дефицитот од капиталните инвестици, а најголем дел отпаѓаат на услуги и трансфери.
Реализација е на 73% од ребаланас, а 60% од првичните проекции.
Веројатно дека како капитална инвестиција ќе го сместат авансот од Бехтел и Енка, за коридор 8, тука го сметаат авансот од 200 милиони. Но, утре да ги донесат машините до јуни нема да може да има реализирани ситуации, но и тие си ги впишале како капитални инвестиции, посочи Мицкоски
Јавниот долг и раст на БДП
Од 2007 до 2016 – економијата, таа растела 130 милиони евра годишно
Од 2018 до 2021 168 милиони евра опаѓала секоја година македонската економомија.
Ковид е со помал ефекти на макроекономија од должника криза 2008-09 година, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

