Телефоните од наредна генерација нема да имаат селфи камери?
Тајната на успехот на новата технологија лежи во новиот аранжман на пиксели кои „позајмуваат“ светлина од соседните пиксели, а доколку е потребно, тие исто така можат да бидат „исклучени“ …
Судејќи според најавите што кружат во техничките медиуми во последниве денови, од следната 2021 година, паметните телефони веќе нема да имаат селфи-камери.
Поточно, телефоните ќе имаат предни камери, само што тие нема да бидат видливи, бидејќи тие ќе се наоѓаат под екранот на уредот. Кинеската компанија Xiaomi објави дека е го завршува процесот на третата генерација на селфи-камери „во екранот“, откако претходните две генерации не ги исполниле потребните стандарди.
Со најновата генерација, која е во развој веќе две години, Xiaomi конечно успеа да произведе екран, кој и покрај пикселите, ќе им овозможи на камерите да добијат доволно светлина и да преземат квалитетни селфи фотографии и видеа, без да го нарушат изгледот на екранот. Тајната на успехот на новата технологија лежи во новиот распоред на пиксели кои „позајмуваат“ светлина од соседните пиксели, а доколку е потребно може да се „исклучат“. Сериското производство на новиот вид селфи камера ќе започне следната година, така што може да се претпостави дека наскоро ќе го видиме на една од следните генерации на уредите Xiaomi, како што е идниот модел Ми 11.

