ЕкономијаМакедонија

Трајан Ангелоски доаѓа на местото на Данела Арсовска – претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница. Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која веќе успешно раководи повеќе од 10 години.

Тој досега беше претседател на Индустриска комора. По професија е машински инженер и магистер по технички науки. Активностите на новиот претседател ќе бидат насочен заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на Сојузот. „Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото на семејни мали и средни компании чиј раст и развој ја носи целокупната економија напред. Ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти.

Сојузот досега се наметна како значаен фактори во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа, истакна Ангелоски. На предлог на новиот претседател избрани се и уште тројца нови потпретседатели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Сојузот, Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора. и Ивица Јакимоски претседател на Градежната комора.