Останато

Угостителите од Крива Паланка до утре можат да аплицираат за штандови за време на летната културна програма

Угостителите од општина Крива Паланка до утре можат да аплицираат за закуп на локација за штанд којшто ќе го користат за време на одржувањето на претстојните настани од „Кривопаланечко културно лето 2022″.

Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ ја организираат Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка, Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и останати поддржувачи.