Угостителите со нова реакција за рушењето на плажите
Рушењето на плажите долж Охридското Езеро пред стартот на туристичката сезона без соодветна стратегија е избрзано сметаат угостителите. Тие велат дека на овој начин ќе се направат ненадоместливи штети не само врз туризмот туку и за угостителите и луѓето кои живеат во тие средини.
Од Охридски еснаф велат дека биле затекнати од одговорот на советниците и градоначалникот Георгиески дека нивните барања се неосновани и одбија да расправаат за одложување на уривањата.
Инаку по укажувањата на Унеско долж езерото продолжува акцијата за рушење на плажите деновиве се отстрануваат нелегалните градби и урнбаната опрема кај Лагадин и Елешец.
Извор: Сител

