ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Што е јубилејна награда и како се исплаќа?

📣Јубилејна награда се исплатува во висина од просечната месечна плата по работник во Република Северна Македонија во претходните три месеци за најмалку 10 години работа кај ист работодавач.
📍Согласно чл.113 ст.2 и 3 од Законот за работни односи, работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор.
🖇Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.
❌Побарувањето на овие надоместоци застарува по истекот на три години од моментот на стекнувањето на правото.
✅Работодавачите треба да ги почитуваат законските норми и трудот на работниците и соодветно да го вреднуваат. Истите треба да ја ценат посветеноста на нивните вработени и да се свесни за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нивниот успех и грижата за вработените претставува нивна обврска.