ЕкономијаМакедонија

Што претставува еднократната парична помош?

Што претставува еднократната парична помош?
Еднократна парична помош или помош во натура е право кое им следува на лица или на семејства кои се нашле во состојба на социјален ризик, како и на лице и семејство заради претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа на член на семејството.
Под помош во натура, се подразбира обезбедување на облека, исхрана и други средства за кои центарот за социјална работа ќе утврди дека се неопходни за минимална егзистенција на граѓанинот и семејството.
По исклучок, во одредени несреќни случаи, акутна болест која бара болничко лекување и слично, ова право може да го користат и државјани на Република Македонија кои немаат постојано живеалиште, како и странци со привремен престој и регулиран влез во Република Северна Македонија.
Износот на еднократната парична помош може да изнесува до 30.000 денари, а висината на правото на еднократна парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Тимот на Јуридика