- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникот

Административка од Штип добила отказ поради држење на партиска прес – конефернција додека била на боледување

Административка од Штип - Работник
388views
Вчера поранешна директорка на Дом на млади во Штип која била вработена во штипската администрација била отпуштена од работа, поради држење на партиска прес – конференција. 

ВМРО – ДПМНЕ реагира дека се работи за партиски реваншизам и за незаконски изречена мерка од страна на дисциплинската комисија од Општина Штип.  Од општината пак велат дека повеле дисциплинска постапка бидејќи лицето го злоупотребило боледувањето.

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека се работи за партиски реваншизам и за незаконски донесена мерка од дисциплинската комисија на општина Штип. Од општината реагираат дека повеле дисциплинска постапка, поради тоа што поранешната вработена го злоупотребила боледувањето. 

Тие бараат од градоначалникот во рамките на неговите надлежности да ја преиспита одлуката на дисциплинската комисија и да го исполни своето ветување дека нема да има отпуштање на вработени од општината.

Секретарот на Општина Штип, рече дека нема намера да коментира партиски пресконференции, но кажа дека за да биде јасно треба да се знае дека до неа пристигнало барање за поведување дисциплниска комисија за злоупотреба на боледувањето на лице вработено во општинската администрација.

Доколку комисијата го прогласи лицето за виновно, со тајно гласање се определува една од трите мерки предвидени  со закон – казнување со триесет отсто од плата, распоредување на пониско работно место или престанок на работнот место.