СОНК: Се китат со туѓи перја…
Фејсбук статус на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура:
Китење со туѓи перја
Не е прв пат НСОН, а овој пат и политичката партија Левица да си препишат нешто на своја сметка, за што некој тоа крваво го заработил (СОНК) и е негова лична своина.
Имено, се работи за објава на личниот ФБ профил на советникот во општина Прилеп, Жаре Стеваноски, кој се пофали за издејствување на додаток на плата за негователките и воспитувачките во детска градинка во Прилеп.
Точно е дека НСОН и Левица презеле одредени активности по ова прашање, но јавноста треба да знае дека:
Правилникот за начинот, критериумите, висината и постапката за исплата на додаток на плата за работа во група со зголемен број на деца во јавна детска градинка, врз основа на кој се остварува ова право е изработен исклучиво од СОНК како право од Колективен договор потпишан од СОНК, официјално е доставен до надлежните општини уште пред неколку месеци, за што постои целосна документација и временска евиденција.
Па затоа, искрено „им благодариме“ што успеале да „издејствуваат“ право токму со документ изработен од СОНК — и тоа исклучиво САМО за членовите на СОНК.
Следен пат, барем наведете чиј документ користите.

