Административно – техничкиот персонал: Или ќе има повисоки плати или ќе влезе во штрајк
Администрацијата и помошно – технички персонал вработени во рамки на клиниките во Кампусот Мајка Тереза денеска се сретнаа со синдикалецот Горан Беговиќ. Причината за средбата е нивниот револт од покачувањата на платите на медицинскиот кадар, а како што самите рекоа „ние сме заборавени“. Беговиќ ветил дека ќе ги носи кај министерот за здравство Венко Филипче, тие пак велат ако нема ништо ние ќе штрајкуваме, пишува Курир.

