Ако нападот на вработените во М-НАВ не се расчисти, не се исклучува можноста за целосно затворање на воздушниот простор, вели Тасевски
Во врска со денешниот упад во просториите на М-НАВ, претседателот на Синдикатот на контролори на летање рече дека не го знае точниот број на лица кои влегле во зградата, но дека во кругот на објектот од страна на обезбедувањето на Македонската навигација биле пуштени две до четири возила од кои потоа излегле непознатите лица.
Претседателот на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ, Александар Тасевски, вечерва во интервју за ТВ Сител изјави дека не се исклучува можноста за штрајк на контролорите доколку не се расчисти инцидентот од попладнево кога во просториите на Македонската навигација беа нападнати тројца вработени од страна на свој колега и неколку други непознати лица кои успеале да влезат во објектот и покрај двојното обезбедување.
Повеќе на 360
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024