ПравдаСветот на работникот

Полицаец, сопруг на вработена во М-Нав, функционер на ДУИ- кој се учествувал во упадот во кулата на навигација и нападот врз контролори на летање

Полицаец, но и лице осудено за кривично дело со настрадан при пукање учествувале во упадот во М-НАВ, денеска попладне, тврдат за Телма, извори запознаени со истрагата за инцидентот.

АЛСАТ-М повикувајќи се на свои извори објави дека упадот врз контролори на летање во М-нав денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири. Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.

Повеќе на Телма